На 08.01.2016 година, на II ден Божиќ, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Дарко Наумовски и  ѓакон  Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот со свештенството од епархијата го благослови лебот на благочестивото семејство Благоја Стојановски – Чавки од Тетово.