На 14.01.2016 година, кога Црквата го  празнува обрезанието на Господ Исус Христос и св. Василиј Велики, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Василиева Литургија во храмот „Св. Никола“- Тетово, во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станкоски, протоереј Дарко Наумовски, и редовниот професор на ПБФ „ Св. Климент Охридски“ – Скопје ереј Милан Ѓорѓевиќ и  ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.