Триесет и четврта недела по педесетница




На 24.01.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештениците од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.