Свети Сава, архиепископ Српски




На 27 jануари 2016 година, на одданието на Светото Богојавление, кога Црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ Српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше осветен славскиот колач.