На 07.02.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со протоереј Предраг Исаески. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.