На 12.02.2016 година, на празникот на Светите Три Ерарси, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, се богослужеше Света Златоустова архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф. На литургијата сослужуваа и игуменот Гаврил, игуменот на Лешочкиот манастир - Теодосиј, игуменот на Беровскиот манастир „Богородица“ - Фотиј, игуменот на Осоговскиот манастир - Григориј, Јеромонахот на Бигорскиот манастир о. Ефросиниј, свештеници и ѓакони на повеќе епархии од МПЦ-ОА. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.