37 Недела по Педесетница, и спомен на Св. мч. Трифун




На 14.02.2016 година, 37 Недела по Педесетница, Св. мч. Трифун, во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со игуменот Теодосиј и ереј Марјанчо. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата според традицијата Митрополитот изврши закројување и благословување на виновата лоза.