На 15.02.2016 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.