На 21.02.2016 година, Недела на митарот и фарисејот, Св. пр. Захариј, Св. мч. Теодор Стратилат, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужување на свештеници од Тетовското намесништво протоереј Предраг Исаевски и ереј Александар Стојановски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.