На 28.02.2016 година, Недела на блудниот син, во храмот посветен на „Богојавление“ – Копер, Р. Словенија,  Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеа Света Златоустова литургија во сослужение со свештеници од Европската и Тетовско-гостиварската епархија. Митрополитот Тетовско-гостиварски одржа пригодна беседа и воедно им се заблагодари на Митрополитот г. Пимен и на црковните управи за срдечното Авраамово гостопримство. По литургијата беше одржано и годишното собрание на оваа црковна општина на која беше одбрана и нова црковна управа.