На 06.03.2016 година, Недела месопусна, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во сослужување на свештеници од Тетовското намесништво протоереј Жарко Мицкоски и ереј Марјанчо Мадевски во параклисот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Лешочкиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.