Литургија на претходноосветени дарови




На 16.03.2016 година,  во првата среда од Великиот пост во Соборниот митрополитски храм „свети Кирил и Методиј„ се отслжи Литургија на Претходноосветени Дарови. Со литургијата началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Предраг Исаевски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. Православните христијани кој со пост и молитва се подготвуваа во изминативе денови,  пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.