Литургија на Претходноосветени Дарови




На 18.03.2016 година,  во првиот  Петок од Великиот пост во храмот  „Пресвета Богородица - Тетово„ се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови. Со литургијата началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Ненад Ѓорѓески, и презвитер Марјанчо Мадевски. Православните христијани кој со пост и молитва се подготвуваа во изминативе денови,  пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.