На 19.03.2016 година, Тодорова Сабота, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужување на свештеници од Тетовското намесништво протоереј Предраг Исаевски, ереј Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. Православните христијани кој со пост и молитва се подготвуваа во изминативе денови,  пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.