На 20.03.2016 година, во Недела на Православието, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Василиева Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.