Литургија на Претходноосветени Дарови, во храмот „Св. Петка “ – Гостивар




На 25.03.2016 година,  Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во храмот „Св. Петка “ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј Андон Андоноски, ереј Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.