На 03.04.2016 година, трета Недела на Великиот пост – Крстопоклона, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Василиева Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски, Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.