Влегување на Господа Исуса Христа во Ерусалим - Цветници
Влегување на Господа Исуса Христа во Ерусалим - Цветници
Влегување на Господа Исуса Христа во Ерусалим - Цветници.
На 24.04.2016 година, шеста Недела на Великиот пост – Цветна, Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски, Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.