ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!

На II ден Велигден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света архиерејска Златоустова Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станкоски, протоереј Томислав Јосифоски, протоереј Дарко Наумовски, ереј Александар Стојаноски и ѓакон Илија Деспотовски.