На 06.05.2016 година, На Светол (Источен)  Петок, и Св. вмч. Георгиј Победоносец, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ – Гостивар. По литургијата се освети вода и се благослови кумскиот леб. Истиот ден во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Мала Речица, Митрополитот со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво ги благослови кумските колачи и изврши водосвет.