Во посета на Лешочкиот манастир




На 12.05.2016 година, Во посета на Лешочкиот манастир беше Министерката за Култура во Владата на Република Македонија д-р Елизабета Канческа-Милевска. Во манастирот министерката оствари средба со надлежниот архиереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, која го запозна дека конакот на Лешочкиот манастир кој што е во лоша состојба, а е под заштита на закон, црквата „Света Богородица“ од 14 век (1326г.), како и стариот манастир „Св. Атанасиј“ над Лешок ќе бидат обновени, реставрирани и оспособени за нивна функција. Средства за овие проекти се обезбедени од  Владата на Република Македонија. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, им заблагодари на Mинистерката и на Владата на Р.М., поради тоа што се издвоени средства за Лешочкиот манастир кое е срцето на Полошкиот регион и пошироко.