На 22.05.2016 година, Недела (четврта) по Воскресение – на раслабениот, пренес на мошти на Св. Николај Чудотворец, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво во храмот „Св. Никола“ во с. Жилче. По литургијата истиот ден изврши осветување на нова Крстилна и нова Трпезарија при храмот „Св. Никола“ во с. Копанце – Тетово.