Путин стапна на Света Гора, пречекан со сите почести




http://religija.mk/

Рускиот претседател, Владимир Путин со големи мерки на безбедност, но од друга страна со огромни почести и огромен интерес беше пречекан на Света Гора, каде допатува од Атина каде вчера имаше средби со државниот врв на Грција.
Путин го пречекал Игуменот на рускиот манастир што ја организира големата прослава за 1000 години од присуството на рускиот јазик и монаси на Света Гора.
Рускиот претседател му се придружува на Патријархот Кирил кој на Атос допатува вчера.
Со Путин на Света Гора отпатува и Претседателот на Грција, Прокопис Павлополус, а таму е и претставник на Вселенската патријаршија, под чија јуриздикција се наоѓаат 20 манастири на Света Гора.
Посетата на Путин во Грција е негово прво патување во земја на ЕУ во повеќе од една година. Оваа посета се случува во моментот кога ЕУ се подготвува да ги продолжи санкции кон Москва поради анексијата на Крим. Грција има одлични односи со Русија но Атина најави дека има намера да биде солидарна со европските партнери во санкциите кон Москва.

 

превземено од http://religija.mk/