Во посета на домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ од Скопје




На 01.06.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, на покана на г-ѓа Ристенка  Атанасовска  директор на домот за деца без родителска грижа  „11 Октомври“ од Скопје, присуствуваше на матурската прослава на штитениците кои оваа година се полуматуранти и матуранти. Митрополитот во име на Тетовско-гостиварската епархија им подари пригодни подароци.