На 09.06.2016 година, Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение со свештениците од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. По литургијата беа благословени кумските лебови.