XXV Меѓународен хорски фестивал – ТЕХО на православна духовна музика




На 11-12.06.2016 година, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, и во Лешочкиот манастир  при Тетовско-гостиварската епархија се одржа XXV Меѓународен хорски фестивал – ТЕХО на православна духовна музика. На фестивалот гостуваа : Градски женски младински хор „Менада“ – Тетово, Градски мешан хор „Гортинија“ – Гевгелија, Мешан хор „Rozafa Expression“ – Скадар, Албанија, Мешан хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола, Камерен хор „Иван Спасов“ – Пловдив, Бугарија, Женски хор „ Св. Теофил Струмички“ – Струмица, Хорско студио „Рустико“ – Скопје, Мешан хор при „ФМУ“ – Скопје.