Црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски




На 24.06.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, присуствуваше на Преставувањето на изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371 година, во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Настанот е во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Изданието  го претставија  приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим: д-р Сабине Фал и Дитер Фал од Богословскиот факултет во Грајфсвалд (Германија) и проф. д-р Иван Христов од Богословскиот факултет во Софија (Бугарија).