Св. ап-ли Петар и Павле – Петровден




На 12.07.2016 година, C, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во храмот „Св. Јован“ во с. Беловиште - Тетовско, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Перица Бојкоски и презвитер Марјанчо Мадевски. По литургијата митрополитот освети вода и ги благослови кумските лебови.