Собор на 12 – те апостоли - Павловден




На 13.07.16 година, Собор на 12 – те апостоли -  Павловден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петар и Павле“ во с. Горна Баница – гостиварско, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски. По литургијата Митрополитот освети вода и ги благослови кумските лебови. По литургијата се изврши осветување на новите фрески во храмот, новата камбанарија и ново изградената трпезарија.