На 26.07.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот посветен на „Св. Архангел Гаврил“ во с. Тумчевиште – Гостиварско, изврши водосвет и ги благослови кумските лебови, и го освети новопоставениот крст во дворот на храмот. Истиот ден Митрополитот г. Јосиф во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар го благослови патот на коњаницата која тргна од Гостивар за Крушево. Благословен и среќен пат им посакаа и претседателот на здружението г. Маноил Јаковлески како и сите присутни кој во мигот на испраќањето беа во Соборниот храм во Гостивар.

Света должност на секој Македонец е да ги продолжува традициите и да го чува споменот на нашите предци кои веруваа во слободна и независна Македонија. Нивните жртви не потсетуваат дека нема ништо посвето од борба за слобода на својот народ, и создавање на своја држава. Македонија е свето име испишано со крвта на генерации Македонски синови, на кој вечно ќе им одаваме почит, им порача Митрополитот пред тргнувањето на благословениот пат кон Крушево.