На 30.07.2016 година, Св. вмч-чка Марина, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, по отслужената Света литургија во храмот посветен на „Св. Марина“ во с. Зубовце - Гостиварско, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво изврши водосвет и ги благослови кумските лебови.