На 31.07.2016 година, шестта Недела по Педесетница, Св.мч. Емилијан, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со надлежниот архиереј  Тетовско-гостиварски г. Јосиф,  и со свештеници од Тетовско-гостиварската епархија во Соборниот храм   „Св. Кирил и Методиј“ отслужи Света Златоустова  литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.