На 07.08.2016 година, Успение на св. Ана, св. Олимпијада, преп. Евпраксија, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Жарко Мицкоски и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.