На 14.08.2016 година, Пренос на мошти на „Св. Климент Охридски“, Седумтемина Макавеи, изнесувањето на Чесниот Крст, (Богородичен пост), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во сослужение со игуменот Теодосиј, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски во Лешочкиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот изврши мал водосвет.