Преображение на Господ Исус Христос




На 19.08.2016 година, Преображение на Господ Исус Христос, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. По  литургијата според типикот и преданието беше благословено и грозјето. Истиот ден Митрополитот освети вода и го благослови грозјето во населбата Циглана-Гостиварско, каде што се гради манастирската црква посветена на Преображението Господово.