На 29.08.2016 година, кога црквата ги прославува свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовскo-гостиварски г.Јосиф во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.