Единаесета недела по Педесетница




На 04.09.2016 година Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во лешочкиот Манастир. Верниот народ се причести со светите дарови, а по литургијата митрополитот изврши света тајна крштение на чедото божјо Миа Василевски од Тетово.