На 17.09.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, изврши Света Тајна венчание над младоженците Воин и Билјана Пејчиноски од Гостивар. Истиот ден Митрополитот г. Јосиф, заедно со Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф, во храмот „Св Троица “ – Куманово, извршија Света Тајна крштение на новороденчињата Кирил и Киријана Здравковски од Куманово.