На 20/21.09.2016 година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, на покана и со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, отслужи сеноќно бдение и Света Златоустова литургија во манастирот  Манастир „Воведение на Пресвета Богородица‘‘ - Елеуса , село Велјуса, Струмица. Верниот и многуброен народ се причести со Светите Христови тајни. Во својата беседа Митрополитот меѓу другото рече:

Сите се сеќаваме на богородичната песна во која пееме „Секој роден на земјата, со Духот просветлен, нека се радува; нека торжествува природата на бесплотните умови, која го почитува свештеното торжество на Божјата Мајка, и нека пее: Радувај се, Богородице себлажена, секогаш чиста Дево.“

Само на овој начин, со пофалби и славословија, можеме да ѝ се обратиме на Пресветата Пречиста Преблагословена Славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.

Голема е заслугата на Пресвета Богородица во нашето спасение. Затоа служејќи го ова сеноќно бдение со умиление ѝ се заблагодаруваме за сите благодатни дарови кои ни се даваат преку Неа. Бидејќи Таа, денес се раѓа како Онаа, Која има сила непобедлива и Која со смелост стои пред Својот Син и Бог наш, Господ Исус Христос и секогаш молитвено се застапува за нас.

Сите го слушнавме светото Евангелие во кое централни зборови се „Марто Марто, само едно е потребно...“, кое како евангелско четиво не случајно е поместено да се чита на секој богородичен празник. Вистина е така дека „Марија го избра подобриот дел, кој нема да ѝ се земе“. А подобриот дел е тоа што ги слушала зборовите Господови и ги чувала во своето срце.

Откако ја спомнавме со сите свети самите себе еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Амин.