На 25.09.2016 кога светата црква го празнува споменот на светите Светиот свештеномаченик Автоном; Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски; Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари; Преподобен Даниил од Тасос; Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул; Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во соборниот храм Свети Кирил и Методиј Тетово, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.