На 09.10.2016 година, Упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова литургија во Соборниот храм  „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.