Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ и надлежниот архиереј, владиката г. Јосиф и се заблагодарија на руската амбасада и амбасадорот Олег Шчербак за вложените напори за поставувањето на „Рускиот крст“ во Лешочкиот манастир и присуството на руската црковна делегација за неговото осветување. Митрополитот Јосиф, во писмото испратено до амбасадорот Шчербак пишува дека поставувањето на овој крст е благородно дело кое по својата големина има историски и цивилизациски вредности, но пред се духовни.
-Поставувањето на спомен обележјето „Руски крст“ во Лешочкиот манастирски комплекс, во чест на Варалаамските монаси, кои гонети од безбожието и репресиите, свое прибежиште нашле во Македонија и македонскиот духовен простор, е сведок, но истовремено и влог, за силните духовни и културни врски меѓу двата братски народи – македонскиот и рускиот. По благоволието Божјо, нека овој симбол на мирот и победата над смртта, стане светиња која ќе ја посетуваат и каде што молитви и чест ќе искажуваат бројни поклоници, како од Македонија, така и од Руската Федерација, пишува во писмото митрополитот г. Јосиф во писмото до рускиот амбасадор.


РЕЛИГИЈА.МК