Покров на Пресвета Богородица




На 14.10.2016 година, Покров на Пресвета Богородица, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица “ во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Дарко Наумовски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. По литургијата беа благословени кумските лебови. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.