На 23. 10. 2016 година, 18 –та Недела по Педесетница, св. Теофил Струмички, св. мч – ци Евлампиј и Евлампија и по повод 10 – годишениот јубилеј од хиротонијата на Неговото Високопреосвештенство Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Блашенство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, членовите на САС на МПЦ – ОА, Митрополиот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митрополиот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардаски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Епископот г. Климен, во сослужение на Архимандритот на Бигорската обител отец Партениј, Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеноереи на МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража содражајно слово честитајќи го 10 – годишниот Јубилеј на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

По повод 10 – годишен Јубилеј од хиротонија на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан му подари архиерејска митра од членовите на САС на МПЦ – ОА. Митрополитот г. Тимотеј на Митрополитот г. Иларион му подари панагија. Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф му подари архиерејско стапче. Протоерејот – ставрофор Блаже Кожарски од името на Европската епархија Му подари мало облекување. Високопреподобниот архимандрит отец Партениј од иметото братството и сестинството при Бигорскиот манастир Му подари панагија. Од името на Градоначалниците на Исочниот – плански – регион и директорката на регионот Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски Му подари архиерејски одежди, архиерејски жезал и архиерејска митра. Генерациските богословски соученици Му подарија архиерејско стапче. Старешините при Соборниот храм Св. Николај, Св. Климент и Св. Богородица во Штип му подарија крст и панагија. Старешините при храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани и Св. Архангел Михаил во Виница Му подарија полиставрии архиерејски одежди. Старешините при храмовите Св. Богородица во М. Каменица и Делчево Му подарија истотака архиерејски бели одежди. Верниците г. Дејан и сопоругата од Скопје на Митрополитот г. Иларион Му подарија бели архиерејски одежди. Верниците од Свети Николе г – ѓа Снежана и г. Гоце на Митрополитот г. Иларион Му подарија архиерејско мало облекување. На Светата Архиерејска Литиргија присуствуваа многуброен православен народ меѓу кои НЕ г. Олег Шчербак амбасадор на Р. Русија во Македонија, Претседателката на верските зедници во РМ г – ѓа Валентина Божиновска, поранешни пратеници во Собранието на РМ, Градоначалниците од Источна Македонија, Декани на Факултети, Директори, Професори и други Јавни личности од Р. Македонија и странство. За сите гости заеднички ручек беше организиран во хотелот Изгрев во Штип. На многаја и долгаја лета Високопреосвештени Владико!!!