Дружење со лицата со посебни потреби од Неготино




На 25. 10. 2016 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел организираше дружење и ручек со штитениците и претставниците на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА НЕГОТИНО“ од Неготино. Средбата се оствари во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Неготино, а на неа присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во рамките на својата хуманитарно-мисионерска дејност, има активна соработка со повеќе здруженија на лица со посебни потреби, при што неколку пати во годината се организираат екскурзии и средби од ваков тип, кои имаат за цел овие лица да ја почуствуваат љубовта Христова и љубовта и закрилата на нашата света Македонска православна црква.