19та недела по Педесетница




На 30.10.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше  Златоустова  литургија во Соборниот храм “Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер  Дарко Наумовски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.