Свети Великимаченик Димитрија - Митровден




На 08.11.2016 година, на празникот Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско -гостиварски г. Јосиф, богослужеше  Златоустова  литургија во храмот “Св. Димитриј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станковски, протопрезвитер  Дарко Наумовски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови.