21ва недела по Педесетница




На 13.11.2016 година, 21ва недела по Педесетница, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, се отслужи Света Златоустова литургија.  На литургијата чиноначалствуваше, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски д-р. г. Јосиф и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и свештенослужители од повеќе епархии. На литургијата пееше женскиот хор „Менада“ од Тетово, под раководство на маестро Ивица Зориќ. На Светата литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата проповедаше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, која што проповед може да ја превземете тука.