На 21.11.2016 година, Собор на св. архангел Михаил, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-остиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во храмот „Св. Богородица“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер - ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Томислав Јосифоски, протопрезвитер Љубиша Блажески и презвитер Марјанчо Мадевски. На Светата литургија верниот народ се причести со Светите Христови ТајниПо литургијата беа благословени кумските лебови.