На 21.11.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот посветен на „Св. Архангел Михаил“ во с. Јагуновце - Тетовско, со свештеници од Тетовското намесништво ги благослови кумските лебови.  Црковниот одбор и овогодишните кумови во црковната трпезарија  за сите присутни организираше трпеза на љубовта.